Кучиња скитници нападнаа минувачи

Двајца мажи, едниот од Велес, а вториот од Охрид вчера во полиција пријавиле дека биле нападнати од кучиња скитници. Според полицијата, вчера околу 9.10 часот во СВР Велес, Д.Н.(57) од Велес пријавил дека во „Младинскиот парк“ во Велес бил каснат од куче скитник за нозете. Малку подоцна, во 14.50 часот во полициската станица Центар во Скопје, Х.К.(24) од Охрид пријавил дека на улицата „Македонија“ бил каснат од куче скитник за левата нога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот