Кучиња откриле 11 килограми хероин во Драч

Во албанскиот пристанишен град Драч запленети се 11 килограми хероин во автомобил на лице по потекло од Косово, а живеело во Швајцарија.

Полициски кучиња го намирисале и откриле хероинот во автомобилот.

„Дрогата е открена при контрола на втората линија за контрола на возила во автомобл марка „опел” сопственост на А.С.(50)од Косово а кој живеел во Швајцарија. Возилото било модифцирано во Косово, каде бил направен посебен простор. Дел од хероинот бил скриен во овој простор, а остатокот внатре во резервната гума“, јавуваат од тамошната полиција.

Уапсениот А.С. со ова возило вчера тргнал од Косово а денеска од Драч со траект сакал да замине за Италија. Истрагата треба да потврди каде е набавена дрогата, која била крајната дестинација,како и вмешаност на други лица.

По откривањето на дрогата од страна на граничната полиција,тој бил приведен, негирал дека има врска со дрогата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот