Кучиња искасале момче и девојка

Дваесет и четиригодишната С.Х.Х. од скопското село Мирковци вчера во МВР пријавила дека дента околу 18:30 часот на улицата „Александар Урдаревски“ додека се движела со нејзиното куче, била нападната од две кучиња кои биле пуштени на улица без надзор на сопственикот Е.К (47) од селото. Од нападот на кучињата, таа добила полесни повреди.

Ноќеска пак, Д.Т. (26) од Драчево, пријавил дека на улицата „Иван Хаџиниколов“ пред паркот на Бранителите бил каснат од две кучиња скитници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот