Кучи: Ако во 2001. двоевме за воен данок, зошто тоа да не го правиме сега на солидарна основа

Влијанието на економското цунами предизвикано од Коронавирусот. Светските банкари се обидуваат да го амортизираат можниот бран од економска катастрофа. Што може да очекуваме во време на рецесиони навестувања во однос на економскиот баланс, развој итн…

Гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, беше бизнисменот и еден од основачите на комората на Северо-западна Македонија, Мендерес Кучи.

-Ако во 2001 двоевме воен данок, зошто тоа да не го направиме денес на солидарна база кога никој не не приморува на ништо и не само да бараме од државата нешто само за да ја притиснеме. Со оглед на околностите некои бизниси ќе сакаат од ова и да ќаруваат. Мора да кажам дека државата е обликативна да создава услови да правиме бизнис, а вредностите ги правиме ние, изјави Кучи на прашањето дали бизнис заедницата покажува степен на солидарност во општествените-турбулентни времиња, изјави Кучи.

Околу кризната ситуација, тој смета дека треба да постои фер однос меѓу работникот и работодавецот.

-На сите треба ни биде битно нашето здравје и здравјето на нашите работници без кое не би можело да се замисли еден прозиводен циклус или било каква активност каде што е потребна работната рака и вештина. Затоа треба да има фер однос работодавец-вработен и вице-верса, рече Кучи.

Кризата со коронавирусот ќе се одрази на бинисите.

-Има бизниси кои во овој период ќе страдаат повеќе. Што се однесува до актуелните мерки кои државата ги спроведува, треба да се размисли на таа тема, да се разговара и со деловните банки за поддршка од нивна страна, говорејќи за државниот интервенционизам во обид да се спречи финансиска експлозија, вели Кучи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот