Кучето што го украде вниманието на парадата по повод платинестиот јубилеј на кралицата во Лондон

Кучето Турлоу Мор, познат и како Шејмус / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Сосема неочекувано, едно куче привлече многу погледи на отворањето на четиридневната прослава по повод платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора.

Започна четиридневната прослава: Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон

На прославата на парадата се појави кучето по име Турлоу Мор, познат и како Шејмус од расата „Irish Wolfhound“. Тој беше официјална „маскота“ на ирската гарда.

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Британските медиуми пишуваат дека Шејмус не бил целосно ускладен со своите војници, но никој не му го „замери“ тоа. Адам Волш, кој се грижи за Шејмус, претходно изјави дека за него е вистинска привилегија да биде дел од оваа парада, а за кучето има само пофални зборови.

„Кога зборуваме за овој ден, сиот вложен труд се исплати. Секако, многумина имаат далеку поважна улога од мене и Шејмус, но сепак двајцата мораме да бидеме точни. Никогаш не сум сретнал куче како него. Малку работи го возбудуваат и навистина е многу смирен“, рече Волш за „Метро“. „Не е нервозен. Јас сум нервозен, тој е оној кој ме држи на вистинскиот пат“, додал Адам.

Видео на денот