Кучето кое наликува на еднорог: Сите го обожаваат! (ФОТО)

Фотографија: Facebook

Кучето на кое му расте уште една опашка на главата, било спасено од улиците на Мисури. Го пронашле спасувачите од организацијата Mac’s Mission Dog Rescue и му дале име Нарвал (Narwhal), бидејќи потсетува на еднорог.

Нарвал го посетил ветеринарот, а ренгенските снимки покажале дека е здрав и дека опашката не е поврзана за ниту еден битен орган.

„Тој е дефинитивно најмагичното нешто што некогаш ште го виделе и е многу среќен. Сите сакаат да го видат и да се сликаат со него“, рекла Рошел Стефен, основачката на спасувачкиот центар.

Стефен рекла дека нејзиниот спасувачки центар често им помага на „кутрите“ животни на кои другите не би им помогнале. Рекла дека имале и куче со 5 нозе, слепи и глуви животни, но никогаш порано не виделе нешто како Нарвал.

„Сите рекоа дека изгледа како опашка која не се развила потполно“, додала таа.

This is Narwhal. He was born with an extra tail on his forehead. It hasn’t wagged yet but he’s working on it. 14/10…

Publiée par We Rate Dogs sur Mercredi 13 novembre 2019

Рошел вели дека не би сакала да му го чепкаат опашот, но дека мора да го отстранат доколку почне да расте навнатре или му паѓа во очи.

„Моментално нема да го даваме на посвојување, за да не стане проблем таа опашка после некое време“, вели таа.

Засега тој е едно нормално, среќно и здраво кутре на кое му се дава потполно внимание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот