КУЧЕ ЗАРАЗЕНО СО КОРОНАВИРУС: Дали е ова прв случај на пренесување на заразата од човек на животно?

На интернет страницата на Светската здравствена организација, објавено е дека досега немало докази дека кучињата може да бидат заразени со коронавирус.

Експертите за здравјето на животните денеска изјавија дека кучето кое е во карантин на жител на Хонгконг заразен со новиот коронавирус, би можело да биде првиот случај на пренесување на заразата од човек на животно, иако случајот сѐ уште се истражува.

Според направениот тест, кучето било „благо позитивно“ на вирусот, што означува ниско ниво на зараза, соопшти министерство за земјоделие, риболов и заштита на природната околина на Хонгконг.

„Министерството и натаму ќе ја следи состојбата на кучето и ќе го повтори тестот подоцна. Ќе биде вратено на сопственикот, кога резултатите од тестот ќе бидат негативни“, се наведува во соопштението на министерството.

На интернет страницата на Светската здравствена организација, објавено е дека досега немало докази дека кучињата може да бидат заразени со коронавирус.

Експертите кои го истражуваат случајот во Хонгконг изјавувија дека сопствениците на домашните миленичиња не би требало да бидат премногу загрижени и да не ги напуштаат своите миленици. Од министерството во Хонгконг велат дека ќе извршат натамошни тестови за да се потврди дали кучето било заразено со коронавирусот. Повторуваат дека нема докази дека домашен миленик може да биде извор на заразата.

Во Хонгконг има 103 потврдени случаи на коронавирус, од кои има двајца починати. Поради стравот од ширењето на заразата затворени се трговските центри и рестораните, многу службеници работат од дома училиштата се затворени најмалку до средината на април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот