Куче скитник нападна маж на Бит Пазар

Немилиот настан се случил на автобуска постојка на булеварот „Крсте Мисирков“.

Триесет и тригодишен жител на скопското село Катланово вчера бил нападнат од куче скитник. Според пријавата на оштетениот немилиот настан се случил на скопски Бит Пазар. Жртвата К.И. во полициската станица Бит Пазар пријавил дека на автобуска постојка на булеварот „Крсте Мисирков“ бил каснат од куче скитник за десната потколеница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот