Куче или мачка? Ниту стручњаците не се сигурни за неговата раса! (ФОТО)

инста

Постојат стотици раси на кучиња, но последната е мистерија за сите. Неверојатното кученце е родено пред 10 месеци во Виетнам. Кога ја надмина фазата на кутре, тој стана сензација на интернет.

Имено, никој досега не видел вакво кутре. Некои дури се прашуваат дали е тоа куче или мачка. Поради своето уникатно крзно и сини очи и необичната форма на тело, тој заработи слава.

Експертите не се целосно сигурни, пишува порталот за миленичиња Вамиз, но се сомневаат дека станува збор за мешавина од корги и хмонг, но ова се шпекулации.

На ова куче му е дијагностициран страбизам, што делумно го објаснува неговиот изглед и затоа го следат стотици на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот