Кубанскиот претседател кој ги обвинуваше САД за протестите, за првпат ја критикуваше кубанската Влада

EPA-EFE/OMARA GARCIA

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел пренесе дел од одговорноста за економската криза што предизвика големи демонстрации на владата на таа земја и ги повика Кубанците да не реагираат бурно.

Дијаз-Канел, кој претходно ги обвинуваше САД за протестите, за првпат зборуваше со критики за кубанската влада во телевизиско обраќање.

На демонстрациите, најголеми на Куба во последните неколку децении, илјадници луѓе излегоа на улиците во неделата да изразат незадоволство од недостиг на храна, зголемувањето на цените и прекинувањето на електричната енергија, а некои повикуваат на промена на владата.

Полицијата уапси десетина демонстранти.

„Треба да научиме лекција од немирите. Треба да направиме и критичка анализа на нашите проблеми со цел да дејствуваме, да ги надминеме и да избегнеме повторување”, рече претседателот.

Тој претходно ја обвини американската влада дека спроведува политика на „економско задушување за да предизвика социјални немири на островот”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот