Куба станува седиште на кинеска шпионска база свртена кон САД

Хавана, Куба/ Фото EPA-EFE/Felipe Borrego

Кина и Куба постигнале таен договор Пекинг на островот да финансира изградба на објект за електронско прислушкување, ова би претставувало најнов геополитички предизвик и закана за САД, дознава Волстрит журнал. За ваква база, кинезите наводно биле спремни да ѝ платат на осиромашената Куба милијарди долари.

Во својот ексклузивен материја објавен денеска весникот се повикува на официјални лица запознати со строго доверливо разузнавање.

Со поседување постројка за прислушкување на само 160 километри од Флорида разузнавачките служби на Кина би можеле да прават пречки во сигналите, во светот на шпионите познато и како „сигинт“ (signal interference), вклучувајќи следење електронска комуникација како имејл, телефонски повици и сателитска трансмисија, пишува весникот.

-Нема да коментирам за овој извештај, но ние сме свесни за тоа и многупати досега зборувавме за напорите на Народна Република Кина да инвестра во инфраструктура низ целиот свет која што може да има воени цели, вклучувајќи и во оваа хемисфера, изјави Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност.

Тој рече дека САД вниметелно го следат ова и преземаат чекори да се спротивстават, и се убеднеи дека можат да ги исполнат сите безбедносни заложби.

Откриените разузнавачки информации за планираната локација на овој објект, за што кинезите наводно биле спремни да ѝ платат на осиромашената Куба милијарди долари, некои американски официјални лица ги опишаа како убедливи.

САД повеќепати имаат интервенирано да спречат странски сили да шират влијание во западната хемисфера. Најистакнатиот случај е кубанската ракетна криза од 1962 година. САД и тогашниот Советски Сојуз речиси не започнаа нуклеарна војна откако Советите распоредија на Куба ракети способни да носат атомски бомби, по што американската морнарица го стави островот во карантин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот