КСС против предлогот за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) не се согласува со владиниот предлог-закон за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на платите.

За КСС е неприфатливо буџетските средства кои се наменети за функционирањето на државните институции и за финансирање на капитални проекти, да се користат за да се стимулира приватниот сектор.

– Особено за нас е неприфатливо и несфатливо, со ребалансот на Буџетот, огромна сума на средства од Министерството за образование и наука да се префрлат во други ресори, а само пред неколку денови просветните работници штрајкуваа за зголемување на платите, наведува КСС во денешното соопштение.

Синдикатот бара од Владата и од пратениците да не дозволат да се спроведе овој закон, којшто според нив, е неуставен и дискриминирачки.

– Во спротивно, предупредуваме дека набрзо ќе излеземе со соодветен одговор, спроведувајќи радикален работнички отпор, затоа што трпението на вработените во јавниот сектор е при крај, велат од КСС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот