КСС ќе ги пријави сите случаи на непочитување на мерките на Владата

Непочитувањето на мерките е дело казниво со Кривичниот закон.

Сите непочитувања на мерката на Владата со која се предвидува отсуство од работа на еден од родителите, работниците да ги пријават кај Државниот инспекторат за труд директно или на телефонскиот број 151 31, апелира Конфедерацијата на слободни синдикати.

Од таму велат дека до нив стигнале поголем број известувања дека работодавачи во приватниот сектор се противат на спроведување и почитување на оваа мерка, дело за кое потсетуваат дека е казниво со Кривичниот закон.

Од КСС најавуваат дека и самите ќе ги пријават сите случаи за кои ќе добијат информација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот