КСС: 16.000 денари треба да изнесува минималната плата

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара минималната плата да изнесува 16.000 денари, а смета дека треба со секое покачување на минималната плата да се усогласуваат и платите на сите вработени.

– Имајќи ги параметрите на просечна плата која изнесува нешто над 25 000 денари, потрошувачката кошница која изнесува 32 653 денари, како и Европската директива за минимална плата, која треба да биде минимум 60% од просечната плата во државата, имајќи ги предвид причините за кои е воведена минималната плата, а тоа е пристоен и достоинствен живот на сите работници и имајќи во предвид дека едно четиричлено семејство со две минимални плати треба да ја достигне потрошувачката кошница и ветувањето на Владата од 2015 и 2016 година, КСС бара да се почитуваат работниците како во секоја демократска земја и минималната плата да изнесува 16 000 денари, наведува КСС во денешното соопштение.

Оттаму посочуваат дека платите на вработените во јавниот сектор стагнираат и се далеку под просечната плата. – Владата во овој момент со најавеното покачување на платите од 5 проценти веќе должи уште плус 20 проценти во овој момент на вработените во јавниот сектор, затоа што тоа е законска обврска, а ние остануваме и понатаму последни во регионот по лични примања и просечна плата и позади Косово и позади Албанија и Србија и имаме плати рамни на социјални примања, велат од КСС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот