КСОМ најавува штрајк ако не се одржи итна седница на Социјално-економскиот совет

Фото: Фејсбук, КСОМ

Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) бара од Владата итно да се одржи седница на Социјално-економскиот совет.

Според КСОМ, причина за ваквото барање е актуелната состојба „која е неиздржлива поради енормно покачените животни трошоци“.

Доколку не се исполнат барањата за итна седница, КСОМ најавува дека ќе одржи штрајк.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата и главен генерален координатор на независните синдикати во Македонија Гоце Делчев Тодев рече дека од мај годинава огромен е бројот на граѓани кои ја напуштаат земјава, особено од секторите полиција, здравство и образование.

Оценка на КСОМ е дека годишно од земјава заминуваат пет отсто од вработените во образованието.

„Апелираме и до останатите синдикати на национално ниво, да седнеме и заеднички да донесеме став. Доколку ни се приклучат, ќе бидеме уште посилни како работници. Доколку не сакаат да се приклучат на нашата иницијатива, ние веќе донесовме одлука. Ќе правиме штрајкови и протести, а за датумот дополнително ќе известиме“, истакна на денешната прес-конфернција претседателот на КСОМ Марјан Ристески.

Според КСОМ, граѓаните се осиромашени и не можат да опстанат зашто се е поскапено, а платите се на исто ниво, додека Владата прави непродуктивни трошоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот