Кржаловски: Се надевам дека Заев нема да се премисли, мора прво да се избере премиер, пред лидер на СДСМ

Александар Кржаловски во гостување на ТВ Сител / 2 ноември 2021 / фото: ТВ Сител/принтскрин

Политичкиот аналитичар Александар Кржаловски вечерва во гостувањето во дневникот на ТВ Сител рече оти се надева дека премиерот Зоран Заев нема да се премисли по најавата за оставки од премиерската и од лидерската функција во СДСМ.

„Тој стана премиер со познатото „зборот е збор“ и не верувам дека ќе го погази зборот,“ рече Кржаловски.

Тој очекува да имаме нов премиер до крајот на ноември.

„Веројатно сите се изненадени од потегот на Заев, но нема јасна ситуација за неговиот наследник. Мора да избереме вонредно премиер, пред да избереме нов претседател на СДСМ, ако веројатноста е дека човек од нивните редови да биде претседател на владата. Сметак дема нема да има ново парламентарно мнозинство. СДСМ ќе се обиде да опстои на мнозинството со нивен кандидат. Сепак, клучот е кај БЕСА, а тие се изјаснија дека нема да има пад на владата,“ констатира Кржаловски.

Видео на денот