Кржаловски: Ковачевски и Мицкоски треба да се среќаваат најмалку еднаш месечно

Александар Кржаловски во гостување на ТВ Сител / 2 ноември 2021 / фото: ТВ Сител/принтскрин

Аналитичарот Александар Кржаловски смета дека не само што идниот премиер Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски треба да се сретнат, туку дека треба да воспостават пракса најмалку барем еднаш месечно да оддржуваат состаноци по примерот на пратеничките прашања кои се оддржуваат секој последен четврток во месецот.

-Средба треба да има помеѓу идниот премиер и лидерот на најголемата опозициска партија, но не таа да се условува. Сепак, тоа се битни прашања за кои Ковачевски и Мицковски треба да разговараат и тие теми треба да бидат на дневен ред, инаку за што би разговарале. Иако Мицкоски ја условува средбата не гледам зошто Ковачевски не би ја прифатил – вели Кржаловски за „Слободен печат“.

Ковачевски најави дека по изборот на новата влада ќе го покани Мицкоски на средба. Од ВМРО-ДПМНЕ средбата помеѓу Мицксоски и Ковачевски ја условија со разговори за предвремени парламентарни избори за содржината на одговорите на прашалникот 5 плус 1 кон Бугарија.

Мицкоски ја условува средбата со Ковачевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот