Крводарителска акција во Велес, собрани 153 крвни единици

Фото: МИА

Во Велес денеска успешно се изведе крводарителската акција во организација на Мото клубот „Носачи на крстот”, Црвен крст и Општина Велес, а беа собрани вкупно 153 крвни единици.

Како што информира Орце Николов од ООЦК Велес, од вкупно 153 крводарители, 124 биле мажи, а 29 жени. Денеска првпат крв дарувале 13 нови млади крводарители, кои со овој хуман чин влегле во Друштвото на хуманите.

Оваа акција традиционално се одржува 12-ти пат во соработка со ЈЗУ Центар за трансфузиона медицина од Скопје, и две медицински екипи предводени од докторите Бојан Тодоровски и Анита Петковска.

Крводарителската акција беше последна содржина од програмата на Општина Велес по повод 9-ти Ноември – Денот на Општина Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот