Крводарителска акција во Скопје во чест на Тоше Проески

Крводарителна акција / Фото: Слободен печат - Мирослава Бурнс

Во Домот на Армијата денеска ќе се одржи традиционалната крводарителска акција во спомен на роденденот на најголемата музичка ѕвезда и хуманист Тоше Проески.

Крводарителската акција ја реализираат Црвениот крст на Град Скопје и Општинската организација на Црвениот крст во Гази Баба во соработка со ИТМ.

– Оваа крводарителска акција стана веќе препознатливо обележје на нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. Досега, на овие акции реализирани се повеќе од 5 000 единици крв, велат организаторите.

Акцијата ќе се реализира од 9 до 17 часот, а организаторите најавуваат дека таа ќе се спроведе согласно пропишаните мерки и протоколи за заштита од ковид-19.

Во Крушево ќе биде одбележан роденденот на Тоше

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот