Крвнички убиена жена од Шуто Оризари

Полиција МВР Македонија
Фото: Архива на „Слободен печат“

Полицијата извести убиецот е уапсен и против него до ОЈО е поднесена пријава за кривично дело убиство.

Полицијата извести дека до Основно јавно обвинителство во Скопје, поднела кривична пријава против И.Е. (36) од Скопје кој е осомничен за кривично дело убиство.

Во полициската пријава пишува дека тој во куќа на улицата „Гарибалди“ во населба Шуто Оризари, во која живеел во вонбрачна заедница со Х.Б. (33) од Скопје, поради меѓусебно недоразбирање,  физички ја нападнал и ја удирал со тврд предмет по главата, по што Х.Б. починала.

И.Е. го завиткал телото во најлонски вреќи и ќебе и го оставил во атарот на село Горно Оризари, скопско, покрај патот кој води од населбата Шуто Оризари кон село Горно Оризари. Телото било пронајдено два дена подоцна, на 5 август лани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот