Крваво владеење на талибанците: Се одмаздуваат на поранешните функционери и сеат терор по улицитете

Кабул Авганистан талибанец талибанци
Талибанец во Кабул, Авганистан / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Талибанските борци убија или под нивно владеење и репресија „исчезнаа“ повеќе од 100 членови на поранешната полиција и разузнавачка служба на Авганистан, откако ја презедоа власта во земјата на 15 август, соопшти денеска „Хјуман рајтс воч“.

Талибанците продолжија да им се одмаздуваат на поранешните членови на вооружените сили кои беа во служба ма претходната влада, иако првично им ветија амнестија, пренесе АП.

Талибанците во Кабул/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Тие организираа потера по поранешни функционери користејќи ги владините досиеја. Први на удар на талибанците беа луѓе кои доброволно се предадоа или пак добија гаранција дека ќе бидат безбедни од страна на новата власт

„Моделот на убиства е своевидно спроведување на терор низ Авганистан, така што никој кој во минатото бил поврзан со поранешната влада не може да се чувствува безбедно. „Поранешните функционери побегнаа поради можна одмазда“, забележува Хјуман Рајтс Воч.

Талибанците исто така ликвидираат лица за кои веруваат дека ја поддржувале таканаречената Исламска држава која е присутна во северната провинција Нангахар, епицентарот на нападите на ИСИС.

Талибанците напредуваат кон Кабул. / Фото: Архива на Слободен печат

Во главниот град на таа провинција Џалалабад денеска имаше жесток осумчасовен судир кога талибанците упаднаа во наводното засолниште на терористите на ИСИС.

Шефот на провинциската разузнавачка служба Тахир Мобариз изјави дека за време на судирот маж и жена се саморазнеле кога го активирале експлозивот што го носеле, додека трето лице загинало во вооружените престрелки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот