Крвави улиците на Јоханесбург: Застрелан „тобако бос“, нуди милион евра за информација за напаѓачот! (ВИДЕО)

Јужноафриканскиот „тобако бос“ Сајмон Радланд нападнат е минатата недела во Јоханесбург. Тој бил застрелан додека се наоѓал во својот автомобил пред Здружението за независна трговија со тутун каде членува.

Како што изјави, сто отсто е сигурен дека зад обидот за убиство стојат неговите соперници. На него се испукани девет куршуми, а го погодиле три – два во грб и еден во врат. За чудо преживеал.
-Ме начекаа кога не очекував. Тука е одржан месечен состанок, сите знаат во кое време доаѓаме. Јас секогаш доаѓам во ист автомобил со мојот адвокат. Се се случи така брзо. Дојдов до оградата и разговарав со адвокатот. Верувам дека поршето го спаси мојот живот, изјави тој.

Еден ден по пукањето и операцијата во која му е отстранет куршумот од врат, Радланд повторно бил на своето работно место. Компанијата „Gold Leaf“ понудила милион евра парична награда за оние кои имаат некои информации за напаѓачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот