Крвава трагедија во Бугарија, тренер по пливање си го уби семејството

фото: 24часа.бг

Тренерот по пливање Велчо Клешков ги убил сопругата Јорданка и синот Владимир, а потоа се самоубил, објави за бугарскиот „24 часа“, портпаролот на полицијата во Велинград, Милослав Стојанов.

Крвавата трагедија се случила вчера утрот, а полицијата откако пристигнала во домот ги пронашла безживотните тела на 68-годишниот Велчо Клешков, на 10 години помладата сопруга Јорданка Пенина и на 23-годишниот син Владимир Клешков.

Според првичните наоди на полицијата, Велчо прво со нож ја убил својата сопруга, а потоа влегол во собата каде бил неговиот син, за на крајот и тој самиот да си го одзеде животот, но засега нема официјални информации за причините за грозоморното убиство на угледните пливачки тренери и нивниот син.

Според неофицијалните информации, синот од раѓање имал здравствени проблеми од раѓање и тоа го предизвикало бесот на таткото.

Велчо Клешков и Јорданка Пенина се угледни по пливање во Велинград каде работеа во клубот „Белмекен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот