Крвава свадба во Бања Лука: Млад човек прободен со нож во око, расправија за музика за малку ќе имаше фатален крај

крштевка веселба свадба забава журка прослава живели
Прослава / Фото: Архива на „Слободен печат“

Млад човек е сериозно повреден за време на расправија којашто се случила вчеравечер на свадба во Бања Лука, објави „СрпскаИнфо“.

Според очевидци, гостите почнале да се расправаат за музиката на свадбата.

– Венчавката беше помала и сè беше во ред додека во еден момент не се скараа околу музиката. Во тоа туркање, кумот, наводно, го прободел со нож во око младиот човек, некои дури рекле дека виделе пиштол, изјавил еден од гостите на свадбата за „СрпскаИнфо“.

Според неофицијални информации, младиот човек со убодна рана бил примен во Ургентен центар, каде му била укажана помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот