Крвава прослава на титулата, со автоматска пушка пукано на навивачи на Црвена звезда

Youtube/Ultras Avanti

Непосредно пред вчерашниот натпревар на Црвена звезда и Пролетер на кој „црвено-белите“ го прославија освојувањето на 31. шампионска титула имало крвава пресметка. Според РТВ БН, едно лице е повредено во Брчко на патот кон Бјелина кога од автоматска пушка било пукано на навивачи кои оделе на натпреварот во Белград.

Според телевизијата на навивачите е пукано од возило во движење, а по пронајдените чаури било утврдено дека станува збор за автоматска пушка.

“Наводно во возилото над кое е извршен нападот биле навивачи на Црвена звезда од Приједор кои оделе за Белград на прослава на 31. шампионска титула на нивниот тим. Според непотврдени извори, нападот е извршен со две автоматски пушки но засега нема детали кој стои зад нападот“, објави РТВ БН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот