Крвава битка за Триполи: Тенкови на улиците, настрадаа 21 лице (ВИДЕО)

Најмалку 21 лице загина, а 90 се ранети во судирите близу Триполи, соопшти меѓународно признатата влада на Либија.

Претходно Обединетите нации ги повикаа завојуваните страни на двочасовен прекин на огнот за да се евакуираат жртвите и цивилите, но и покрај тоа судирот продолжи, пренесува „Би-Би-Си“.

Силите под команда на владата на Триполи, кои се признати од Обединетите нации, објавија дека започнуваат операција „Вулкан на гневот“ за одбрана на престолнината на Либија. Најжестоките борби се случиле ноќеска на меѓународниот аеродром 15 километри од Триполи, каде што Калиф Хафтар прогласи дека го заземал подрачјето кое дотогаш им припаѓало на владините сили.

Лидерот на меѓународно непризнатата администрација и Либиска национална армија, Калиф Хафтар, соопшти дека во судирите убиени се 14 владини војници.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот