Крвав викенд во Чикаго: На прославата на независноста убиени 17 лица, меѓу нив 2 деца (ВИДЕО)
Овие смртни случаи следуваа во низата пукања ширум САД во кои се убиени неколку деца.
Изминатиот празничен викенд беше еден од најкрвавите во историјата на Чикаго, бидејќи се убиени 17 лица, вклучувајќи и 17 годишно девојче и 14 годишно момче, а уште 70 се ранети, и покрај заедничките напори да се запре насилството со дополнителни 1.200 полицајци на улиците.
Насилството беше многу полошо отколку минатата година, кога викендот за 4. јули имаше 6 убиени лица, и 66 ранети во пукање ширум градот, пренесува АП.
По релативно мирниот петок, првото пукање избило некаде околу 7 часот во саботата наутро.
Седумгодишната Наталија Волас стоела на тротоарот пред куќата на својата баба на градската Западна страна во текот на прославата на Денот на независноста, кога, според податоците од полицијата, осомничените излегле од автомобилот и отвориле оган. Детето е смртносно погодено во глава.
Три часа откако Наталија е погодена, група момчиња за кои се берува дека се членови на банда скокнале од возило во градската населба Енглвуд на јужната страна од градот и отвориле оган кон членови на соперничка банда.
Но детето, 14-годишниот Вернандо Џоунс, бил во близина и еден од куршумите истрела од маж кој е убиен, го погодило детето во пазувот.
Овие смртни случаи следуваа во низата пукања ширум САД во кои се убиени неколку деца, вклучувајќи и шестгодишно дете во Сан Франциско, шестгодишно дете од Филаделфија, 8-годишно девојче од Колумбија во Мисури и 8-годишно дете од Ховер во Алабама.