Крвава семејна драма во Зрењанин: Наставничка го убила сопругот пред нивната ќерка

Фото: temnic.info

Семејна трагедија во Зрењанин ја шокира Србија. Утрово во населбата Багаш, како што пренесува „Блиц“, е уапсена 41 годишната С.М. која е осомничена дека со неколку убоди со нож го убила нејзиниот две години помлад сопруг и тоа во присуство на  нивната петгодишна ќерка.

По наредба на Вишото Јавно Обвинителство во Зрењанин, осомничена С.М., која инаку работи како наставничка во основно училиште, ќе биде задржана во притвор во наредните 48 часа по што ќе следува поднесување на ркивична пријава и нејзино изведување пред обвинител.

Мотивите за убиството засега се непознати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот