Крузе во слободно време се релаксира со покер

Голем дел од фудбалерите по завршувањето на секоја сезоната, летниот одмор го користат да се опуштат на плажите на атрактивните туристички дестинации, каде и ги полнат батериите на идните искушенија, но Макс Крузе има поинакви планови.

Германецот во Лас Вегас каде се релаксира играјќи покер. Крузе од 2014 година, секое лето оди во американскиот град на коцката и воопшто не е загрижен што моментно е без клуб откако му истече договорот со Вердер.

Тој моментно е дел од професионален покер турнир кој се очекува да заврши викендов, а победникот како награда ќе добие половина милион долари. На претходните осум настапи на овој турнир, најдобриот резултат го имаше во 2014 година кога како дебитант на крајот заврши како третопласиран и за тоа заработи 36.000 долари.

Настапите на турнирите во покер не реткост за Крузе, тој редовно игра и на турнири низ Европа и досега заработил околу 120.000 долари. Тој пред две години дури настапи и на Светското првенство во покер (WSOP).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот