Крушево воведува мерки за заштита, се затвора конфекцијата „Фалко“

Крушево/ Фото: МИА

Крушевската конфекција „Фалко” од денес нема да работи, а вработените ќе бидат во самоизолација.

По регистрирањето на првите двајца заболени од коронавирусот во Крушево, градоначалникот Томе Христоски упатува апел за смиреност и ги уверува граѓаните дека сите неопходни мерки се преземаат.

Од Општината соопштуваат дека полицијата поставува пункт на влезовите од  градот како и патроли по населените места. Ќе се преземаат соодветни мерки при поголеми собирања и непочитување за време на полицискиот час.

Крушевската конфекција „Фалко” од денес нема да работи, а вработените ќе бидат во самоизолација. Инспекциските служби и Центарот за јавно здравје од Прилеп ќе испитуваат и детектираат кои биле во контакт со заболените.

Се забрануваат посети и собирања во групи граѓани кои, вообичаено, овој период во Крушево се групираат по куќни имендени.

Градските власти укажуваат сите граѓани кои имаат симптоми на покачена температура, кашлица, трески. веднаш да се јават кај матичните лекари, но и тие кои биле во контакт со потенцијално заразени или во контакт со лица кои дошле од странство. Да се избегнува самоволно самолекување со цел прикривање на настинка или евентуално вирусот. Граѓаните може да го контактираат и Центарот за јавно здравје Прилеп.

Според градоначалникот Христоски, Општината ги презема сите неопходни мерки за превенција: дезинфекција, набавка на доволен број заштитни визири, маски и ракавици како и скафандери со кои се заштитуваат службите кои директно се изложени на ризик од инфицирање и заболување.
Општината соопштува дека сите волонтери може да се пријават на повикот на Црвениот Крст од  Крушево за помош на стари и изнемоштени лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот