Крушево се подготвува за роденденот на Тоше Проески

facebook

Роденденот на Тоше Проески ќе биде одбележан со пригодна програма во спомен-куќата „Тодор Проески” на 25 јануари напладне.

Крушево се подготвува да одбележи уште еден роденден на големата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески. На 25 јануари се навршуваат 39 години од неговото раѓање.

Роденденот на Тоше Проески ќе биде одбележан со пригодна програма во спомен-куќата „Тодор Проески” на 25 јануари напладне.

Во спомен-куќата ќе се одржат и неколку ликовни изложби, а во официјалната програма ќе настапат „Уникат бенд” и Сара Ристеска, придружена од Габриела Аврамоска. Свои точки во спомен на Тоше ќе имаат и учениците  од средното крушевско училиште „Наум Наумовски Борче” и од ОУ „Никола Карев”.

На неговото вечно почивалиште на Гумење ќе му биде оддадена почит на Тоше. И овојпат обожавателите ќе го посетат неговото гробно место. Тоше го загуби животот на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. Годинава се очекува да напредуваат работите со изградбата на вечното почивалиште на Тоше.

И овој 25 јануари ќе биде во знакот на многупати повторуваната реченица: „Тоше има само ден на раѓање”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот