Крушево повторно има вода, после четири дена!

Крушево во изминатите четири дена се соочуваше со сериозни проблеми со недостаток на вода, откако претходно се расипа моторот за пумпите и делови од градот останаа без најосновната потреба во животот.

Директорот на ЈП Комуна Крушево, Наум Илиески, доцна синоќа на Фејсбук информираше дека проблемот конечно е решен и дека градот полека се враќа во нормала.

-Проблемот со водоснабдувањето конечно решен. Крушево од вечерва полека ќе се враќа во нормала. Благодарност до ОКТА, РЕК, градоначалници, директори, министри и сите оние кои кренаа телефон и понудија помош. Благодарност и до тие кои не не удостоија со кревање телефон. Посебна благодарност до огромниот број граѓани на град Крушево за нивното трпение, поддршка и разбирање за проблемот. Изразувам благодарност и до оние граѓани кои од разно разни ( пред се суетни и психопатолошки ) причини не сакаа брзо решавање на проблемот па урлаа низ чаршија хранејќи си го своето сиромашно его а при тоа незнаејќи дека со тоа само ни даваат поголем елан во справувањето со оваа ненадејна катастрофа. За крај, најголема благодарност до луѓето од ЈП Комуна кои деноноќно беа на терен. Изминативе 72 часа се трудев да бидам што е можно подостапен за моите сограѓани. Секому да кренам телефон, да дадам одговор на секое прашање. Можеби одговорот „не знам“ некого со право го нервираше, но верувајте дека тоа бил единствениот одговор во тој момент. Ви тврдам дека сум бил максимално искрен. Се надевам дека од ова сите ќе извлечиме поука во смисла повеќе да ја цениме водата. Без неа нема живот- напиша Илиески.

Прочитајте и...  Блумберг не запира: Нови 15 милиони долари како ветар во грб во кампањата на Бајден во Охајо и во Тексас

Поврзани вести

ВИДЕО: И Макрон воведува карантин во Франција, почнува од петок

Слободен печат

ВИДЕО: Меркел ја затвора Германија, карантин од 2 ноември

Слободен печат

Рекордни 870 новозаболени во Македонија, 14 пациенти починаа

Слободен печат

Маричиќ: Целта на предлог-законот е пописот повеќе да не биде политичко прашање

Илинка Иљоска

Болниците во Словенија бараат волонтери, расте бројот на заразени лекари

Илинка Иљоска

Маричиќ: Зошто да не се обидеме и судењата да бидат онлајн?

Слободен печат

Остави Коментар