Круемади: По постигнатиот договор останува само Владата да ги исполни условите на Бундестагот

Според неа, треба да се преземат сеопфатни чекори и дијалог за да се постигне изборна реформа која ќе гарантира фер и слободни избори.

Лидерката на опозициското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ) Моника Круемади, во првата реакција по постигнатиот договор за изборните реформи меѓу власта и опозицијата, порача дека опозицијата ја презела одговорноста и оти сега редот e на Владата да ги исполни условите на Бундестагот.

Според неа, треба да се преземат сеопфатни чекори и дијалог за да се постигне изборна реформа која ќе гарантира фер и слободни избори.

Понатаму додава дека со постигнувањето на договорот, кој е еден од деветте точки на германскиот Бундестаг, на владата и останува да работи за да ги исполни останатите осум точки.

„Од сега одговорност е на ова мнозинство да го исполни условот да се изведат пред лицето на правдата крадците на гласови, досиејата 184 и 339. Одговорност на мнозинството е да даде примери за борба против нејзината корупција”, вели Круемади.

Посочува дека европската интеграција на Албанија не може да биде жртвувана од која било причина.

– Сеопфатноста и политичкиот дијалог се единствените начини на кои можеме да ги спроведеме потребните реформи за Албанија и Албанците. Значи, без губење време, ние мора да донесеме изборна реформа која им овозможува на албанските граѓани да имаат право да изберат слободно, без притисок на банди, заплашување со работното место и под закана од власта, нагласува Круемади.

По долгата и длабока политичка криза во која западна Албанија, за првпат претставници на владејачкото мнозинство и опозицијата вчера седнаа на заедничка маса и тоа околу изборните реформи што ги бара ЕУ. При тоа се договорија дека ова прашање треба да биде заокружено до 15март годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот