Круемади обвинува: Албанската Влада лаже за бројките на починати од Ковид-19

Таа го коменираше и приближувањето на Мета и Рама или како што ја нарекуваат „пролетта меѓу Мета и Рама”.

Лидерката на третата по големина политичка партија во Албанија, опозициското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), Моника Круемади ги обвини Владата и премиерот Еди Рама за прикривање на бројките на починати лица од Ковид-19.

Гостувајќи во емисијата „Опен” на телевизијата Топ чанел уште обвини дека Владата не се справила соодветно со пандемијата.

– Нема добро менаџирање со сотојбата од страна на Владата. Бројките не покажуваат ништо. Владата лаже со бројки. Владата лажеше за жртвите од Ковид-19. Мерките не спречија ништо. Зошто, вирусот не останува на улица од пет до 17 и 30 часот? Владата прави пропаганда и не бара прошка за тоа дека овој вирус не најде неподготвени и не успеавме да се справиме со оваа состојба. Владата не соопшти колку починаа во јануари и февруари – рече Круемади, која е сопруга на шефот на државата Илир Мета.

Таа го коменираше и приближувањето на Мета и Рама или како што ја нарекуваат „пролетта меѓу Мета и Рама”.

– Не им е грижа на Албанците дали седнале или станале премиерот и претседателот. Тие сакаат да работат за да ги прехранат своите семејства. Јас како Моника Круемади и ЛСИ како партија не го признаваме Парламентот. Јас не ги земам во предвид изјавите на љубов меѓу Мета и Рама. Ова прашање треба да му го поставите Илир Мета – изјави Круемади.

Таа додаде дека е навикната на „маслиновото гранче и ножевите во грб од Еди Рама”.

– Албанците не се заинтересирани за столчето на Круемади или на друг политичар . Во последните два месеца, 60.000 Албанци ги загубија своите работни места. За тоа треба да се дискутира, а не за љубовта во односите меѓу Рама и Мета, рече Круемади.

Според официјалните податоци на Министертвото за здравство во Албанија од вкупно заразените 820 починати се 31 лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот