Кручих: Москва ги отфрла наводите за кибер напади врз Бундестагот во 2015 година

Германија / МИА

Обвинувањата се сметаат за обид за дискредитација на Русија и нејзиното прикажување како агресор во очите на глобалната заедница.

Москва ги отфрла неоснованите обвинувања за вмешаност во кибер нападите врз германскиот Бундестаг во 2015 година и истите ги смета за обид за дискредитација на Русија, изјави претставникот на рускиот претседател за меѓународна соработка во областа на безбедноста на информациите, Андреј Кручих.

Ни требаат факти, но не и обвинувањата што кружат во германските медиуми, рече Кручих, јави Тасс.

-Без изнесени факти ние решително ги отфрламе овие неосновани и длабоко исполитизирани обвинувања дека структурите на руската Влада стојат зад хакерскиот напад врз германскиот Бундестаг во 2015 година, рече тој.

Кручих додаде дека обвинувањата се сметаат за обид за дискредитација на Русија и нејзиното прикажување како агресор во очите на глобалната заедница.

Според рускиот дипломат, германските наводи, се чини, им служат за целта на демонстрирање ритуализирана западна солидарност под колосалниот притисок од Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот