Кртов: На Боки 13 му дадов уметнички слики на реверс

Не сме склучиле договор, но имам реверс дека сум му дал уметнички дела на Јовановски. Тоа е пракса на секоја галерија, се обидуваме на секој начин да се испромовираме. Ги даваме на одреден период и тоа најчесто биле оригинални уметнички дела. На Јовановски му имам дадено пет слики од Личеноски, една од Мартиновски, изјави денеска во судница Александар Кртов, сопственик на галерија кој како втор сведок сведочеше на денешното рочиште за случајот “Рекет”.

Сведокот рече дека му дал осум уметнички дела, за да стојат кај него неколку месеци, за реклама.

– Бојан Јовановски имаше убав стан во населбата Орман. Бидејќи јас имам своја галерија и му го уредувавме станот му предложив да стави некој слики во станот. Подоцна ми текна кај него во телевизија да направиме аукција на слики, но не дојдовме до ситуација тоа да го реализираме – изјави Кртов.

Сликите кој му беа дадени беа на реверс, потенцираше сведокот.

– Тие слики не ги купил туку биле на ревер. Тоа значи дека кога ќе дојде време можам да си ги земам – изјави Кртов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот