Крстевски: Секоја чест за Шпанија, но ние не се предаваме

Бојан Крстевски и Теодор симиќ

Кошаркарската репрезентација на Македонија в петок со натореварот против актуелниот светски шампион Шпанија ги започнува квалификациите за пласман на Свесткото првенство кое ќе се одржи 2023 година.

Самиот податок што светскиот шампион е противник во првото коло, е доволна мотивација за кошаркарите да го дадат максимумот.

На дуелот со Шпанија, репрезентацијата има нов капитен, Бојан Крстевски.
– Имавме пократок временски период за разлика од летото и имаме една изменета екипа. Не сме комплетни,но тоа мора да го оставиме зад нас и да се фокусираме на она што го имаме сега. На нас е да излеземе максимално ангажирани и борбени, да ги исполниме задачите на селекторот и да се претставиме во најдобро светло. Секоја чест за Шпанија, но ние не се предаваме – изјави Крстевски на прес-конференцијата.

И младиот 18-годишен кошаркар, Теодор Симиќ треба да биде еден од носителите на играта на репрезентацијата во наредните 10-15 години, размислува слично како и капитенот. 
– Се надевам на еден добар натпревар. Ќе бидеме максимално мотивирани против Шпанија и ќе се потрудиме да го дадеме најдоброто од себе, да одиграме што подобро и да извлечеме што е можно подобар резултат против квалитетна селекција како што е нашиот следен ривал. Нема предавање – вели Симиќ кој игра за младиот тим на Барселона.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот