Крстевски: Очекувам прво место во групата, хендикеп е отсуството на Стојановски!

Фото: kfsm.mk

Бојан Крстевски е еден од репрезентативците кои играа против нашите ново-стари ривали, сега во вториот круг од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп во 2023 година.

Добро се сеќава на дуелите Швајцарија и Словачка во претходниот квалификациски циклус. Тој е оптимист дека можеме исто да поминеме и во овој циклус, да завршиме на првата позиција на табелата во групата „Ф“.

– Швајцарија и Словачка ни се добро познати противници. Игравме со нив во еден циклус и остваривме три победи и еден пораз и го освоивме првото место. Очекувам да ги повториме тие резултати и повторно да завршиме како првопласирани што воопшто не значи дека ќе биде лесно – вели високото крило на нашиот национален сениорски состав.

Кошаркарите ги дознаа првите ривали на патот кон Мундобаскетот 2023

Во претквалификациите за ЕП 2022, во 2017 и 2018 година триумфиравме двапати над Словаците (66:74 и 87:74), еднаш победивме против Швајцарците дома (83:68), но загубивме на гости со 85:79.

Крстевски не се залажува со резултатите во минатото. Напротив повикува на внимателност за дуелите кои ќе се играат во август. Апострофира уште еден и тоа како важен момент, отсуството на капитенот Војдан Стојановски.

– Швајцарија може да биде многу незгодна, ја изненади Србија во претходните квалификации. Исто така Словачка има искусни и квалитетни играчи. И затоа не можеме да спиеме на тоа уво дека ќе успееме само поради добрите резултати во поранешните дуели. Голем хендикеп за нас ќе биде отсуството на капитенот Војдан Стојановски. Но, имаме многу млади кошаркари кои сигурен сум дека ќе ја искористат шансата и ќе се истакнат во овие претквалификации – додава Крстевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот