Крстевски: Нема да биде лесно, но имаме квалитет да ги поминеме претквалификациите

фото: КФСМ

Бојан Крстевски кој ќе биде еден од носителите на играта на македонската кошаркарска репрезентација, е оптимист дека националниот тим успешно ќе ги помине претквалификациите за пласман на СП.

– Сигурно нема да биде лесно, никогаш ништо не е лесно. Сепак, имаме четири недели за подготовки, ќе одиме и во Маврово. Ова е комбиниран состав, имаме неколку млади кошаркари, неколку повозрасни и сметам дека ваквата комбинација може да донесе добар резултат во овие претквалификации – вели Крстевски кој миниатата сезона ја освои двојната круна со МЗТ Скопје.

Крстевски е добро запознат со противниците на турнирот во Скопје, планиран да се одржи во периодот од 12. до 18.август.
– Ги знаеме противниците, игравме со нив во едни претквалификации, но сега нашиот состав е доста изменет. И покрај тоа, имаме квалитет да освоивме едно од првите две места и да продолжиме во квалификациите – рече Крстевски пред утринскиот тренинг во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот