Кршењето и дивеењето се лаги и невистини, велат „шверцери“

Фото: Фејсбук

Навивачката група „шверцери“ се огласи за наводното дивеење во МНТ, тие велат дека информациите за „дивење“ се невистинити и шпекулации.

-Ние сме навивачи и навивањето е нашиот живот, нема друг начин на навивање од скандирање и пеење песни, тоа и го направивме таа вечер, без никакво дивеење, кршење, со ниту еден навредлив збор, а камо ли говор на омраза.Ова е вистината и сите други информации се само во правец на оцрнување на нашата навивачка група и шпекулирање со вистината. Направивме сè да бидеме добри гости на и нашиот театар!-  се вели во соопштението од навивачката група „шверцери“.

Од навивачката група велат дека и организирано излегле од МНТ и дека пред да излезат провериле да не случајно е направена некоја штета, но не приметиле ништо такво.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот