Крос останува уште две години во Реал Мадрид

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Играчот на Реал Мадрид, Тони Крос (32) после финалето во Лигата на шампионите и победата против Ливерпул (1:0) најави дека кариерата ќе ја продолжи во шпанскиот главен град.

Германскиот интернационалец изјави дека во „кралскиот“ дрес ќе остане уште две години.

Потсетување дека Крос дојде во Реал во 2014 година од редовите на Баерн Минхен, а важечкиот договор му истекува во јуни 2023 година.

Претходно беше објавено дека Реал му понудил на Крос да ја продолжи соработката до 2024 година, но Германецот побарал време да размисли.

Во сезоната 2021/2022 одигра 28 натпревари во шпанското првенство, запиша еден гол и три асистенции.

Со Реал успеа четирипати да ја освои Лигата на шампионите, а има уште една во ова елитно натпреварување со Баерн Минхен во сезоната 2012/2013.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот