Крoс и официјално се прости од репрезентацијата
Тони Крос по 106 одиграни натпревари одлучи повеќе да се прости од националниот тим.
Фудбалерот на Реал Мадрид, својата одлука ја објави на својот профил на Инстаграм.
„Одиграв 106 натпревари за Германија. И тука е точка, повеќе нема да има ниту еден. Се би дал репрезентативната кариера да ја завршам со 109 натпревари, односно да игравме во финалето на ЕП. За жал, не беше така“, напиша Крос на Инстаграм.
Како што истакнува Крос, долго време му било потребно за да се одлучи на ваков чекор.
„Некако знаев дека нема да играм на СП во Катар 2022 година, сакам да се фокусирам на игрите во Реал Мадрид. Исто така сакам да имам пауза на лето која ја немав 11 години. Сакам да поминувам повеќе време со сопругата и децата. Ми беше чест што толку долго играм за репрезентацијата. Навивачите ме мотивираа со своите аплаузи и овации. Им благодарам на критичарите за дополнителната мотивација. Нормално и на селекторот Јоаким Лев, тој направи од нас светски шампиони, ми веруваше и ми помогна да испишеме успешна приказна. Ми беше чест. Му посакувам среќа на новиот селектор Ханси Флик“, заврши Крос.
View this post on Instagram