„Кроација ерлајнс” откажа над 80 отсто од летовите во септември

Хрватскиот авиопревозник „Кроација ерлајнс” вкупно откажал над 80 отсто од летовите во периодот меѓу 1 и 21 септември годинава на меѓународните линии од Загреб, Сплит и Дубровник.

Според објавениот распоред на летови, компанијата ќе продолжи со летовите до ист број дестинации како и во август, но откажувања на летовите има речиси на сите линии, пренесува порталот „Хрватска авијација”.

Најмногу летови се откажани од Загреб, дури кон 12 дестинации – Амстердам (еден лет), Дубровник-Атина (четири), Брисел (четири), Копенхаген (три), Даблин (два), Лондон Хитроу (четири), Минхен (шест), Париз (четири), Сплит-Дубровник-Рим (пет), Сараево (шест), Скопје (три) и Виена (четири лета).

Откажани се и линиите од Сплит до Франкфурт (еден лет), Виена (седум) и Цирих (два), а од Дубровник четири лета за Атина, еден за Франкфурт, три за Париз и седум за Цирих, пренесува порталот Индекс.хр.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот