Крмов обвини дека Талат Џафери ја заклучил собраниската сала за пратениците да не влезат

фото: Фејсбук

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, обвинува дека пленарната сала во Собранието вечерва била затворена и дека пратениците биле спречени да влезат внатре.

„Претседателот Талат Џафери ја заклучил Пленарната сала за пратениците да не можат да влезат! Сабајлето исчезна пратеник, а сега физички сме спречени да влеземе во салата. Тоа се тие демократски методи на земја-членка на НАТО. Џабе ви е узурпатори! Ќе дојдат и нашите пет минути, ама ќе траат десет“, напиша Крмов на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот