Кризата со вирусот задава сериозен удар врз јавниот транспорт

Владата во неколку наврати повтори дека Буџетот има кондиција да ја издржи новата состојба во која се најде економијата и најави дека ќе ја помогне со конкретни мерки.

Мерките за превенција против корона вирусот во делот во кој се апелира граѓаните да не патуваат заради спречување на натамошно ширење сериозно се одразуваат врз економската состојба во јавниот транспорт. Од ден во ден се повеќе се намалува бројот на патници а со тоа се доведува во прашање работењето на јавните превозници.

Железница бележи намалување на бројот на лица кои ги користат нејзините услуга за речиси три пати па ако пред кризата со воз патувале во просек околу 1750 сега возот како превозно средство го користат 480. Иста е и сликата кај меѓуопштинскиот превоз, линиите се двојно намалени или укинати, а во малкуте автобуси што сообраќаат се возат по неколку патници.

Железницата, согласно со препораките од синоќешната седница на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот, привремено ја укинува мерката за бесплатен воз, што ја користеа пензионерите и студентите, а ваквата одлика ќе почне да се применува од четврток.

Генерален директор на ЖРСМ Транспорт, Орхан Муртезани вели дека е рано да се сублимира влијанието на состојбата во товарниот превоз, но во таа насока посочува пример за намалени композиции за превоз од фирмите…

Од Асоцијацијата Исток, каде членуваат автобуските превозници, велат дека пандемијата зададе тежок удар во превозот на патници од економски аспект и бараат поддршка од Владата. Приходите на превозниците во однос на претходниот период се намалени за 95 проценти, миграцијата на населението е намалена, додека трошоците за надоместоци за вработените остануваат исти.

Од таму предлагаат Владата да донесе мерки за намалување на штетите, со субвенционирање на бруто плата во периодот додека трае кризата, план за одложено плаќање на останатите даноци – ДДВ, данок на добивка, грантови за малите компании, како и субвенционирање на гориво во тој период.

Владата во неколку наврати повтори дека Буџетот има кондиција да ја издржи новата состојба во која се најде економијата и најави дека ќе ја помогне со конкретни мерки.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот