Кризата си го зема данокот, Манчестер јунајтед се задолжи 170 милиони евра

Парите ќе бидат искористени за ангажирање на нови фудбалери во летниот преоден рок.

Пред неколку дена Манчестер јунајтед објави дека кризата предизвикана од коронавирусот ги зголеми долговите на англискиот тим на речиси половина милијарда евра.

Во таа пригода, извршниот потпретседател, Ед Вудворд соопшти дека постои можност „црвените ѓаволи“ да подигнат кредит за клубот да може нормално да функционира во летниот преоден рок, поточно со кредитот да ги финансира новите засилувања.

Денеска тоа и се случи, Манчестер јунајтед земал позајмива од Bank of America во износ од 150 милиони фунти (170 милиони евра), објави Ројтерс.

Поради речиси тримесечниот прекин на Премиер лигата, сите екипи од англиската елитна фудбалска дивизија претрпеа огромни загуби и поради тоа дел од нив, посебно најголемите како Јунајтед, Ливерпул, Тотенхем, Арсенал, Челси, се приморани да подигнуваат кредити.

Според договорот, Манчестер јунајтед парите ќе мора да ги врати до април 2025 година.

Се очекува најголем дел од парите да бидат потрошени само на еден играч, Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

twitter/United News Hub

„Милионерите“ ги предупредија сите заинтересирани екипи за Санчо дека нема да добијат попуст поради кризата преидзвикана од коронавирусот и дека мора да платат 120 милиони евра доколку го сакаат англискиот репрезентативец во своите редови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот