Кризата некому мајка некому маќеа: БП и Шел со рекордна добивка

За енергетските гиганти БП и Шел првиот квартал од годинава е посебно успешен и компаниите поради војната во Украина имаат зголемен профит, објави Гардијан.

БП и Шел се два од вкупно седумте нафтени гиганти во светот.

По прекинот на врските со Кремљ, двете компании додадоа вкупно 24 милијарди фунти на нивната вредност.

Шел се очекува да добие дополнителен профит од 3,5 милијарди фунти поради одлуката да го напушти заедничкото вложување со руската државна компанија за гас Газпром, вклучително го и нејзиниот удел во гасниот проект Сахалин Два.

БП поседува 20 проценти од акциите во руската државната нафтена компанија Роснефт, која минатата година имаше профит од 1,9 милијарди фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот