Криза во северно Косово, оклопни возила на Војската на Србија во близина на административната граница

Тензиите во северно Косово, предизвикани од спроведувањето на владиниот декрет на Приштина за реципрочна примена на привремени регистарски таблички, влезе во втората недела, а меѓународните сили (КФОР) во понеделникот ги зголемија своите патроли во кризната област.


Во близина на преминот Јариње, каде што веќе осум дена се стационирани припадници на Специјалната полиција на Косово (РОСУ), утрово беа распоредени ограничени единици на српската армија, а околу пладне војници на меѓународните сили се појавија на косовската страна


Репортерите од теренот јавуваат дека четири оклопни возила на Вооружените сили на Србија се стационирани веднаш до главниот пат Рашка-Косовска Митровица, недалеку од Јариње, и дека „голем број припадници на српската армија се во целосна борбена готовност“ но дека се само стационирани и засега таму ништо друго не се случува “.

Претходните денови авиони и хеликоптери на Војската на Србија прелетуваа над таа зона, но денеска не биле евидентирани летови.

 

Мисијата КФОР соопшти дека ја следат ситуацијата и дека „го зголемиле бројот и времетраењето на рутинските патроли низ Косово, вклучително и на северниот дел каде живее мнозинство српско население.

„КФОР внимателно ја следи ситуацијата низ Косово и останува фокусирана на секојдневното спроведување на својот мандат – што произлегува од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации од 1999 година – за да се обезбеди безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите заедници што живеат на Косово “, изјавија од . од меѓународната воена мисија
КФОР „го зголеми бројот и на времетраењето на рутинските патроли низ Косово, вклучувајќи го и северно Косово“, објави косовскиот онлајн портал.

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека дека тој и министерот за полиција Џелаај Свекла имале средба со командантот на КФОР на која „се разговарало за безбедносната ситуација“, а порталот Косово онлајн наведува дека Курти посочил дека нема информации дека КФОР го се подготвува да интервенира на северот на Косово и да ги замени специјалните сили на косовската полиција, како што наведуваат некои медиуми на албански јазик “

На северот на Косово, патиштата се блокирани на премините Јариње и Брњак поради одлуката на косовската влада да воведе тест таблички со ознака РКС за возила со српски регистарски таблички.

Белград остро се спротивставува на одлуката на Приштина, сметајќи дека таа е кршење на договорот од Брисел од 2013 година, додека косовските Срби на север го блокираа сообраќајот на граничниот премин.

Официјален Белград инсистира специјалните единици на косовската полиција РОСУ да се повлечат од северниот дел на Косово , како предуслов за продолжување на дијалогот за спроведување на бриселскиот договор од 2013 година постигнат под покровителство на ЕУ, особено за формирање на Унијата на Српските општини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот