Криза и во Канада, во април затворени повеќе од 226.000 работни места

Најтешко погодени дејности се трговијата, забавата и угостителството.

Во Канада во април се затворени 226.700 работни места, откако мерките за контрола на епидемијата на коронавирусот запреа голем дел од економијата.

Меѓу најтешко погодените индустрии се трговијата, забавата и угостителството, се вели во извештајот на компанијата што обработува плати АДП.

Податоците за март се ревидирани надолу, така што тие покажуваат загуба на 17.200 работни места, а не 177.300 како што беше првично објавено, јавија локалните медиуми.

Извештајот, што беше направен во соработка со агенцијата „Мудис аналитика”, се заснова на податоците на АДП за платни листи за за околу 40.000 компании.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот