Кривокапиќ: Попис на населението можеби следната година во октомври

Здравко Кривокапиќ
Здравко Кривокапиќ / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, денеска изјави дека Владата наскоро ќе му предложи на Собранието закон за попис на населението, кој би можел да се организира по локалните избори во октомври 2022 година.

– Предлог-законот за попис е направен. Според сите информации со кои располагаме, сугестиите на Европската комисија ќе бидат комплетирани многу брзо. Така, потоа тој би бил усвоен на следната седница на Владата, истакна црногорскиот премиер.

Кривокапиќ додаде дека има препорака од ЕУ да не се прави попис во годината во која се одржале изборите.

– Но, ако има волја, не гледам зошто не би организирале попис, можеби во октомври следната година, изјави Кривокапиќ, одговарајќи на прашањето на првиот човек на пратеничката група на Социјалистичката народна партија (СНП), Драган Ивановиќ, кога ќе се организира попис на населението.

Тој додаде дека останува да се види како ќе се одвива пописот кога во првата половина на следната година ќе се одржат локални избори во 13 општини.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот